Куманово

Завршија „Деновите на комедијата“

13.10.2014 15:02

Сашко Коцев ги затвори Деновите на комедијата - Нема ниту една причина зошто не е добро да си кумановец, секогаш си во предност. Смеа и шеги, колку сакаш.

Преполна сала без простор ни игла да падне, смеа, громогласни аплаузи и скандирања беше сликата од изведбата на актерот Сашко Коцев кој со својот стен-дап настап насловен како 1000 зошто-1000 затоа, ги затворите 17-те по ред Денови на комедијата. Пред својата публика омилениот актер на куманоскиот дијалект, во својот препознатлив комичен стил скоро два часа ја смееше публиката зборувајќи за машко-жениските односи, за моралот и неморалот, за младината, за стереотипите, но и кажуваше случки од секојдневниот хумор на кумановците.

„Знаете според местоположбата кумановци случајно или намерно се наоѓаат на раскрсница и кога си на такво место те дуваат ветрови од сите страни ,па кога е така лесно и се прилагодуваш.Сметам дека по менталитет ние сме ослободени од скоро сите предрасуди и комплекси.Горд сум ,што вечерва имаше многу публика која уживаше во хуморот и заради ова публика вреди да постои една ваква манифестација“, актерот Коцев.

На фестивалската сцена беа одиграни 10 комедии во продукација на македонските театарски куќи и на соседните од Србија и Бугарија.

„Ме радува што има многу млада публика и што го сака театрот. Едниствено би порачал, кумановскиот театар в година да го видиме со една добра претства.

„Одличен е фестивалот ние имаме добра публика која знае да цени изведба и актери, одлично реагира.

„Сметам дека треба да има повеќе вакви манифестации, пред се повеќе комедии да се прават во ова време кога човекот постојано е во нервози и стресови“, изјавија дел од граѓаните кои го посетуваа Фестивалот.

Инаку проектот е со цел да се потикне продукцијата на комедијата во тратрите, а Фестивалот е подржан од Министерството за култура.

Новинар Габриела Димковиќ