„Велешката питијада“ в година еден ден подолга

13.10.2014 15:18

Велешката питијада ги оправда и најоптимистичките очекувања. Донесе над 50 илјади гости, што е рекорд во сите изминати години. За идната година е најавено фестивалот на питата и виното да трае 4 дена...

Фестивалот на виното и питата кој вчеравечер заврши во Велес е досега најуспешната питијада која годинава се организираше по 11-ти пат. Организаторите задоволни. Педесет илјади посетители биле дел од трите фестивалски денови.

„Ова се должи на ангажираноста на туристичките агенции што преку својата мрежа на ТА во Македонија помогнаа да се зголеми интересот за посета на манифестацијата, но и на Македонски железници кои на 11-ти и 12-ти октомври овозможија бесплатно патување на граѓаните“, рече Мартин Мајсторов, потпарол на општина Велес.

И покрај огромниот број посетители, не е евидентиран ниту еден инцидент, организаторите обезбедија доволно бесплатен простор за паркирање ,а ЈКП Дервен не дозволи во ниту едне момент да биде нарушена хигиената.

Покрај промоцијата на единствената пита пастрмајлија, оваа манифестација има и економски бенефит. Само на 33-те шатандови поставени на улицата „Благој Ѓорев“ се продале 56.400 пити и 16,7 тони вино.

Годинава Велес, Питијадата ја преобрази од локална во национална манифестација. Останува во годините што следат да останеме на оваа позиција и да вложиме напори манифестацијата да ја направиме уште поубава“, рече Мартинов.

Организаторите најавија, дванаесетата питијада догодина ќе трае ден повеќе. 

Дијана Иванова