„Спортот во 2013“

26.12.2013 14:23

Кошаркарите и ракометарите на Европско, Антиќ прв Македонец со трансфер во НБА, Лазаров во Барселона. Георгиев повторно светски првак, ракометарите на Металург меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите, фудбалерите со ист крај и пак со надежи за нов почеток. За нас спортската 2013-та предизвикува измешани чувства.

На светските меридијани Бразилците ја направија мундијалската генералка, Москва испиша десетдневна атлетска сага. За тениското лудило коешто го обзема спортскиот простор, за доминантноста на Фетел и за се друго, гледајте ја специјалната емисија „Спортот во 2013“, на втори јануари од 17 и 40 на Првиот канал на Македонската телевизија.