Кисела вода ќе добие нов Културен центар

13.10.2014 15:53

За да се погледне театарска претстава, концерт, изложба или некој филм, нема да има потреба да се патува до централното градско подрачје, до крајота на 2015-та ќе биде завршен новиот Mултикултурен центар во Кисела Вода на местото од старото кино. Граѓаните ќе добијат Дом на културата кој ќе се користи и како театар.

„Покрај 140 седишта кои беа постоечки, се очекува да има зголемување до околу 170 седишта, мултимедијален простор каде што ќе има посебна библиотека, читачка сала на приземјето, се она што се планираше овој мултикултурен центар да има“, рече министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.

Реконструкцијата ќе се реализира со средства од државниот и од буџетот на локалната самоуправа. Некогашното кино се наоѓа во срцето на општината и е во многу лоша состојба. Преку постојната улична мрежа е поврзано со центарот на градот, а располага со површина од околу 950 метри квадратни. По реконструкцијата овој руиниран објект ќе прерасне во мултифункционален простор.

„Еден ваков репрезентативен објект заслужува оваа општина со оглед на тоа дека е најстара општина со 70.000 жители. Имаме првични идеи како овој објект во иднина ќе функционира“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец.

Во новиот објект покрај кино сала, ќе има и библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, а предвидени се и простории за месната заедница.

Александра Перевска