Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија
Добитник на Нобелот за економија е францускиот професор Жан Тирол, за неговата анализа на моќта на пазарот.
„Тој е еден од највлијателните економисти на нашето време“, соопшти Комисијата за доделување на наградата

Комисијата оцени дека Тирол е „еден од највлијателни економисти на нашето време“. Тој е втор Французин што добива Нобелова награда оваа година. Патрик Модијано ја доби Нобеловата награда за литература. Нобеловата награда за мир, пак, ја добија пакистанската тинејџерска активистка за образование на девојчињата, Малала Јусафзаи, и индискиот активист за права на децата, Каилаш Сариарти.