21-годишна девојка пронајдена мртва во Вардар
Дваесет и едно годишната Сабина Алити од тетовското село, бемена жена од Сараќино, се удавила во водите на реката Вардар. Нејзиното безживотното тело денеска околу 10 часот го пронашол сопругот Зулхан.
Претходно, вечерта половина час пред полноќ, во Полициското одделение Групчин било пријавено дека околу 19 часот Сабина заминала од домот во непозната насока, по што и се губи трагата.

Откако го пронашле телото, Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид а по наредба на Јавниот обвинител телото на Сабина Алити било предадено за обдукција, по што поконкретно ќе се знаат причините за нејзината смрт.