Во Србија сеуште нема отпис на долгови!
Во Србија засега се отпишуваат само камати на долговите за струја, вода, парно. Секој десетти клиент на банките во Србија денес има проблеми со исплатата на кредитот, а над 100.000 домаќинства следните недели можат да останат без струја, со присилна наплата на долговите во износ од 8,5 милиони евра. Официјален Белград размислува за копирање на македонскиот модел за отпис на долгови.
Како резултат на лошата економска состојба, властите веќе ги намалија платите и пензиите, а серијата отпуштања ги натера граѓаните се повеќе да го стегаат ременот.

Според статистиката- 750.000 лица се водат како сиромашни, 21 отсто се невработен – покажува засега социјалната карта.
Просечната плата во Србија изнесува 390 евра, а потрошувачката кошничка е 570 евра. Цените во споредба со лани се зголемени за 2%, околу 150 илјади лица се кандидати за прогласување на личен банкрот-така да во Србија се повеќе се барањата да се следи примерот на Македонија.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.