По изборите во БиХ: Земјата да се врати во квалификациите за Европската лига
Изборите во Босна и Херцеговина завршија со излезност од без малку 55 проценти од избирачкото тело. Факт кој укажува дека народот е разочаран од состојбите во државата и неверува дека новите власти ќе ја подобрат состојбата во земјата. Ова особено се однесува на невработеноста која изнесува 44 проценти, но и дека ќе се сузбие корупцијата.

Изборите во Босна и Херцеговина завршија со излезност од без малку 55 проценти од избирачкото тело. Факт кој укажува дека народот е разочаран од состојбите во државата и неверува дека новите власти ќе ја подобрат состојбата во земјата. Ова особено се однесува на невработеноста која изнесува 44 проценти, но и дека ќе се сузбие корупцијата.
Токму ова беше причина за масовните протести во февруари. Но, поплавите во мај и малкуте нови лица на гласачките ливчиња, најавија, според аналитичарите, дека политичката криза ќе продолжи, но и неажурноста кон основните животни прашања за обичниот народ.
„Мојот заклучок е дека сите се одлучија да се концентрираат да земат парче од власта и да владеат со ова опкружување какво и да е“, смета еден жител на Сараево.
Лидерите на трите етнички групи не успеаја да се договорат околу клучните прашања, реформите, важни за напредокот на земјата и нејзиното членство во Европската унија, а таквото однесување на политичарите предизвика голем застој на просперитетот на земјата. Расположението во државата е генерално лошо, а изборите најверојатно нема да донесат ништо ново анализираат светски медиуми.
„Кампањата за овие избори беше една од најлошите. Имаше за цел, а се надевам дека со тоа не успеа да ги збуни гласачите, да им го отргне вниманието од важните со неважни прашања“, велат аналитичарите.
Изборите беа одбележани со потешкотии во изборниот процес и етнички тензии, пренесуваат тамошните медиуми додавајќи дека односите меѓу бошњаците, србите и хрватите се и натаму проблематични.
Некои делови од земјата бараат независност од Сараево. Анкетите на јавното мислење покажуваа дека овие избори нема да донесат значајни промени во односот на силите меѓу политичките партии и структурите на власта.
Премногу децентрализираниот и скап систем постојано го блокира процесот на носење одлуки што е една од главните пречки за економскиот раст во земјата.
Потребно е земјата да се врати во квалификациите за европската лига- констатираат познавачите на состојбите во Босна и Херцеговина.
Миле А. Ристески
