Македонија од Лвов се врати со незаслужен пораз

13.10.2014 17:01

Македонската фудбалска селекција се врати од Лвов само резултатски поразена но со позитивно чувство за горделивото издание во пеколната украинска арена. Избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски одиграа и фудбалски и спортски  храбро и дрско, исполнувајки ја во најголем дел поставената стратегија.

Тој пристап против фаворизираниот противник  не го искористиме за да ја напуштиме Украина непоразени, и затоа останува да тагуваме по пропуштените шанси.Како никогаш досега ако ги исклучиме гостинските изданија на нашата фудбалска селекција против Англија на Сент Мери во Саутемптон и на Олд Трафорд во Манчестер, имавме карактер и храброст да нападнеме и да создадеме надмоќ и да му се приближиме на бодот.

Иако влеговме како тотални аутсајдери, во најголем дел од двобојот бевме рамноправни, на моменти и подобар тим, иако во последните моменти доживеавме непријатен психолошки момент. Среќата во овој случај не беше со храбрите, реализација остана стара болка, не ги искористивме шансите и нашите репрезентативци  ја почувствуваа суровоста на непишаното фудбалско правило.

Разочарувањето мора брзо да се претвори во нова енергија и зацврстување на вербата дека ова е вистинскиот пристап. Офанзивно, со многу трчање, со срце, борба и самодоверба, на сите и до крај.

Простор за корекции и создавање на модерна физиономија секогаш има и му се неопходни на овој состав во оваа фаза. Против Словачка во ноември во Скопје потребна му е и подршка како во Лвов каде што бучната, и верна украинска публика успеа да ги мотивира и нашите играчи.