Заврши обдукцијата на починатиот Британец - Се вршат лабараториски анализи

13.10.2014 17:08

Никој со сигурност не може да каже кога точно ќе се знаат точните причини за смртта на Британецот. Она што засега е извесно е дека на Институтот за патологија заврши обдукцијата на телото на 58 годишниот британски бизнисмен. Според информациите од министерството за здравство, сега се вршат лабораториските микроскопски анализи.

Викендов дефинитивно се исклучи еболата, лекарите не сакаат да наѓаат што ја предизвикало ненадејната смрт. Тој во последните мигови паднал во безсознание и имал внатрешно крварење- затоа не се исклучува можноста дека се работи за друга инфективна болест. Иако и претходно здравствените власти сметаа дека е мала веројатноста дека станува збор за вирусот ебола, сепак го подигнаа нивото на заштитни мерки.

Во карантин беа 25 луѓе во хотелот „Супер 8“ каде што престојувал починатиот заедно со неговиот пријател. Таму медицинска екипа постојано ја следеше нивната здравствена состојба. Поради превенција луѓе во карантин имаше и на Инфективната клиника.