ЕК го поздрави враќањето на ДПА во Собранието
Потенцирајки делови од извештајот за напредокот на државата од Кабинетот на комесарот Штефан Филе повторуваат дека бојкотирањето на институциите не е вистинскиот пат...

Европската Комисија го поздравува врќањето на Демкратската партија на албанците во Македонското собрание. Потенцирајки делови од извештајот за напредокот на државата од Кабинетот на комесарот Штефан Филе повторуваат дека бојкотирањето на институциите не е вистинскиот пат и дека треба да се почитуваат резултатите од демократските избори во земјата.
„Владата и опозицијата треба да преземат чекори за да се врати политичкиот дијалог во парламентот. Владата треба да се осигура дека опозицијата има можност во целост да ги извршува својата демократска функција на конторола. Во исто време, опозицијата, треба да се вклучи конструктивно во демократските процеси“, велат од Европската комисија.
Одлуката на ДПА е пример кој треба да се следи децидни се во Комисијата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
