Џонсон Контролс овластен економски оператор

26.12.2013 14:31

Компанијата Џонсон Контролс е прва  во земјава  и во регионот на ЦЕФТА која доби уверение за овластен економски оператор.Тоа значи дека ги задоволува законските критериуми  и се смета за безбеден и сигурен партнер на Царината  во трговскиот синџир на снабдување.Контролс ќе има поедноставен пристап кон царинските олеснувања и помалку контроли во однос на другите фирми .Царината го доби и престижниот сертификатот за квалитет ИСО 9001,што се смета за особен успех затоа што е една од најкомплексните домашни институции со 1140 вработени и повеќе од 2000 најразлични процедури .

Компанијата Џонсон Контролс е прва  во земјава  и во регионот на ЦЕФТА која доби уверение за овластен економски оператор.Тоа значи дека ги задоволува законските критериуми  и се смета за безбеден и сигурен партнер на Царината  во трговскиот синџир на снабдување.Контролс ќе има поедноставен пристап кон царинските олеснувања и помалку контроли во однос на другите фирми .Царината го доби и престижниот сертификатот за квалитет ИСО 9001,што се смета за особен успех затоа што е една од најкомплексните домашни институции со 1140 вработени и повеќе од 2000 најразлични процедури . Досега околу 70% од институциите го имаат воведено овој стандард.