Прв саем за вработување во организација на АВРМ

14.10.2014 08:49

Околу 90 компании ќе ги презентираат своите потреби од кадар пред лица кои се баратели на работа...

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржува првиот Саем за вработување на кој присуствуваат околу 90 компании. Ова е добра можност за сите невработени, посебно за младите лица, оние што допрва треба да се определат за идната професија, да ја разгледаат побарувачката на кадар и професии што се посакувани на берзата на трудот за нивно брзо вработување по завршувањето на образованието.

На саемот што го организира Агенцијата за вработување најголемите компании во Македонија ќе ги претстават своите можности. Саемот е поделен на сектори според дејноста на фирмите, а на влезот секој граѓанин ќе може да го оставии своето „си-ви“.

Се очекува интересен концепт да понудат таканаречените „бизнис-кафулиња“ кадешто работодавачите во неформална атмосфера ќе можат одблиску да се запознаат со потенцијалните кандидати за вработување.