Земјоделците ќе користат лабораториски услуги

14.10.2014 10:15

Во иднина индивидуалните земјоделци ќе можат да ги користат услуги на државната фитосанитарна лабораторија. Цената на услугата се очекува да биде конкурентна, а ќе се одредува според трошоците...

Со Законот за здравје на растенијата индивидуалните земјоделци, компаниите и операторите со храна со соодветен документ за квалитет ќе продаваат безбеден производ на пазарот.

Со испитувањето во Државната Фитосанитарна лабораторија ќе се штедат и пари, а резултатите побрзо ќе се добиваат.

Ќе има поголема безбедноста на храната, земјоделските производи и нивните преработки.

Лабораторијата е акредитирана за испитување на најважните параметри и на семенскиот материјал, ѓубривата и преработената храна.

 

Методија Трајков