Стоматолозите препорачуваат да се внимава на првиот впечаток кај младиот пациент

14.10.2014 10:22

Првата посета на стоматолог секогаш треба да биде во оној момент кога не е потребна никаква интервенција. Стоматолозите порачуваат да се внимава на првиот впечаток кај младиот пациент со самиот доктор...

Децата се високо вундерабилна категорија на индивидуи кои заслужуваат посебно внимание, вели д-р Димитри Калајџиески. Со никнувањето на првото забче треба да се почне и со оралната хигиена. Родителите како авторитет кај децата треба да ја започнат првата навика за одржување на оралната хигиена. Четкањето на забчињата ја има истата важност како и одењето на училиште.

Како што мора да се оди на училиште, мора да се четкаат и забите, навечер и наутро. Вечерното е најбитно четкање и утринското. Јас секогаш велам: вечерно четкање е за здравје, утринското за убавина, вели стоматологот Димитри Калајџиески од Струга.

За голем придонес кај здравите заби има и здравата исхрана, свежо овошје и зеленчук како и редовните систематски прегледи кај стоматолог.

Јас секое утро си ги мијам забите и после секое јадење и навечер пред да си легнам, вели малечката Христијана Хиохи.

Стоматолозите порачуваат да се внимава на првиот впечаток кај младиот пациент со самиот доктор.

Првата посета на стоматолог секогаш треба да биде во оној момент кога не е потребна никаква интервенција. Со првата посета треба да се добие една добра релација доктор-пациент, да се стекне една доверба помеѓу младиот пациент и докторот, вели стоматологот Димитри Калајџиески од Струга.

Чувајќи ги забите ние го чуваме нашето здравје. Естетскиот изглед со здрави и бели заби е споредна но не и занемарувачка работа.

Со денешната нова технологија во стоматологијата се побива лошата слика во минатото која ја имаа пациентите, денес поправањето на заб е безболно.

 

Јованчо Наумоски