„Охрид- Преспа“ официјално прогласен за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

14.10.2014 10:34

И официјално инаугуриран Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО, Охрид- Преспа. На свеченоста во Корча, Албанија, на претставниците на Билатералниот комитет им беше предаден сертификатот.

Ова е отворање нова врата преку која може подобро да се воспостават врските, поголема погранична соработка меѓу општините каде што економскиот развој е во прв план и брендирање на разни производи, како ресенските јаболка и медот, беше речено на свеченоста.

Биосферните резервати се подрачја утврдени од земјите, а признаени според програмата на УНЕСКО „Човекот и Биосферата“. Моментално има 631 биосферен резерват во 119 земји во светот, од кои 14 се прекугранични.