Поднесени близу 41 илјада барања за отпис на долгови, следува проверка за исполнување на условите

14.10.2014 10:44

Еднократниот отпис е димензиониран да им помогне на примателите на социјална и на постојана парична помош, невработените кои активно бараат работа и луѓето изложени на социјален ризик поради смрт на брачниот другар, инвалидност или потешка болест...

Вчера заврши рокот за пријавување за отпис на долгови за граѓаните од ранливите категории. Поднесени се близу 41 илјада барања. На истекот на рокот најголем метеж имаше на шалтерите за социјални работи.

На ред е проверката за исполнување на условите. Еднократниот отпис е димензиониран да им помогне на примателите на социјална и на постојана парична помош, невработените кои активно бараат работа и луѓето изложени на социјален ризик поради смрт на брачниот другар, инвалидност или потешка болест.

Ќе им се простат долговите за струја, парно, радиодифузна такса, но и обврските кон банките. Колку луѓе ќе бидат опфатени со проектот, ќе се знае откако надлежната комисија која треба да ги провери документацијата и точноста на податоците ќе си ја заврши работата.

Тогаш ќе биде позната и вкупната сума, односно колкав долг ќе се отпише.