Попоски не открива што ќе се зборува на Советот за безбедност за името
Државниот врв внимателно ги избира следните чекори што ќе бидат преземени за решавање на спорот со името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски. Не сакаше да открие детали. Рече само дека иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за ефектуирање на пресудата од Хаг ја отсликува фактичката состојба, но, не треба да се избрзува.

„ Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец. Во овој момент не би сакале да навлегуваме во тоа дали, како и што би можело да се случи, но, се работи за една констатација која ја одразува состојбата на теренот “, изјави министерот Попоски.
Во однос на очекувањата за време на грчкото претседавање со Унијата од јануари, Попоски посочи дека не е посакувано тоа што Грција не е фокусирана на процесот на проширување и што Република Македонија не е на агендата.
„ Кризата во Грција го има дефокусирано процесот за решение на спорот со името од политичарите во земјата. Политичките односи не се приоритет поради економската ситуација во Грција“, истакна Попоски.
Македонија ќе остане посветена на евроинтеграциите и следната година, и ќе ги надградува добрососедските односи, вети министерот Попоски. Денеска и утре, тој е на средби со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија.
Катерина Топалова- Дејановска