Ким Јонг Ун се појави во јавноста по 40 дена
14.10.2014 11:11
Весникот „Родонг Симун“ објави повеќе фотографии на кои се гледа Ун како се потпира на бастун...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста. Весникот „Родонг Симун“ објави повеќе фотографии на кои се гледа Ун како се потпира на бастун.
Ова е прв пат по 40 дена државните медиуми на Северна Кореја да објават извештај од некоја негова јавна активност.
Според јужнокорејскиот весник „Џонганг илбо“, Ким во средината на септември бил подложен на операција на зглобовите на двете нозе, а бил опериран од страна на француски хирург.
Со овие здравствени проблеми може да се објасни мошне забележливото отсуство на Јонг-ун на прославата на 69-годишнината од основањето на Работничката партија на Северна Кореја минатиот петок.
