Фудбал

Холандија одново поразена

14.10.2014 11:26

Новото резултатско страдање на Холандија е најсилното ехо од вчерашната квалификациона сеанса за ЕУРО 2016 година. „Лалињата“ овенаа во Рејкјавик! Исланд ги надигра со 2:0. Херојот на „Викинзите“ е Сигурдсон со двата постигнати гола. Гус Хидинк, славното тренерско име на холандската клупа, е соочен со два пораза во првите три натпревари од „А“ групата.Синоќа блесна и Хрватска, која со 6:0 го испрати Азербејџан.Голема тежина има победата на Норвешка над Бугарија со 2:1.

Новото резултатско страдање на Холандија е најсилното ехо од вчерашната квалификациона сеанса за ЕУРО 2016 година. „Лалињата“ овенаа во Рејкјавик! Исланд ги надигра со 2:0. Херојот на „Викинзите“ е Сигурдсон со двата постигнати гола. Гус Хидинк, славното тренерско име на холандската клупа, е соочен со два пораза во првите три натпревари од „А“ групата.Синоќа блесна и Хрватска, која со 6:0 го испрати Азербејџан.Голема тежина има победата на Норвешка над Бугарија со 2:1. Еден од хит-мечевите меѓу Босна и Херцеговина и Белгија заврши со помирливи 1:1.

Третата натпреварувачка сеанса од квалификациите  завршува вечер со последните девет натпревари.Во фокусот е дуелот во Копенхаген меѓу Данска и Португалија.Полска на крилјата на подвигот против Германија ќе се обиде да го задржи победничкиот ритам и против Шкотска.Германците имаат само еден императив-3 бода против Република Ирска.Србија е во слична ситуација против забревтаната Албанија.

Резултати: понеделник

„А“ група:

Казахстан-Чешка 2:4

Исланд-Холандија  2:0

Летонија-Турција  1:1

„Б“ група:

Андора-Израел  1:4

БиХ-Белгија  1:1

Велс-Кипар  2:1

„Х“ група:

Хрватска-Азербејџан 6:0

Малта-Италија  0:1

Норвешка-Бугарија  2:1

Вторник: 20.45

„Д“ група:

Гибралтар-Грузија

Германија-Р.Ирска

Полска-Шкотска

„Ф“ група

Финска-Романија

Грција-С.Ирска

Фарски Острови-Унгарија

„И“ група

Данска-Португалија

Србија-Албанија

„Е“ група

Сан Марино-Швајцарија