Грејната сезона стартува утре- да се проверат радијаторите!
Во просек годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови...

Утре стартува грејната сезона. Дистрибутерите на топлинска енергија ги повикуваат граѓаните да ги проверат инсталациите за парно, бидејќи во просек годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови.
Ваквата состојба, заедно со грижата за сигурноста на домот влијаат и врз интересот за осигурување, па и осигурителните компании токму во овој период од годината се најактивни со понудите за домаќинско осигурување.
Упатен е и апел за навремена проверка и подготовка на радијаторите, со цел да се одбегнат потенцијалните проблеми при дистрибуцијата и да се избегнат несаканите штети кои настануваат поради истекување од инсталациите.
