Фудбал – Квалификации ЕП 2016

Фудбал и нешто повеќе во Белград!

14.10.2014 13:12

Во мечот којшто е повеќе од фудбал, Србија е под императив на победа во дуелот со Албанија затоа што досега има само бод...

Девет натпревари во третата сесија за заокружување на третото коло во квалификациите зе ЕП во фудбал во 2106-та година. Иако натпреварувањето е долго, по две од секоја од девете групи, како и најдобрата третопласирана репрезентација директно ќе се пласираат на шампионатот, а осум ќе играат бараж, некои селекции не смеат да си дозволат кикс.

Во мечот којшто е повеќе од фудбал, Србија е под императив на победа во дуелот со Албанија затоа што досега има само бод. Албанците собраа четири и во Белград  допатува со надеж дека ќе го повторат изненадувањето од гостувањето кај Португалија. Иако не е дозволено присуство на гостински навивачи, албанските фанови преку социјалните мрежи објавија дека стигнале во Белград, што само ја зголеми будноста, на и онака бројната српска полиција ангажирана за првиот и историски дуел меѓу овие две репрезентации.

Во истата група И, Португалија е пред незгодно гостување кај Данска затоашто се уште нема освоено ниту бод. Ови две репрезентации играа и во квалификациите за минатиот шампионат, секој победуваше дома, а во мечот на ЕУРО 2012 во Лвов - Украина, славеа Португалците.

Откако првпат загуби од Полска, светскиот првак Германија дома ќе игра против Република Ирска со амбиција да ја продолжи серијата без пораз на домашен терен којашто трае 18 натпревари. Германците не загубиле од Ирска пет дуели по ред, во последниот, во квалификациите за мундијалот во Бразил, беа убедливи во Даблин со 6:1.

Полјаците се први во групата Д, заедно со Ирска со по шест бода и во одлично раположение ќе ја пречекаат Шкотска од којашто во март годинава загубија во пријателски натпревар со 1:0.

Во третиот меч ќе играат двете селекции коишто се на нула, Гибралтар и Грузија.

По поразите од Англија и од Словенија, репрезентацијата на Швајцарија првите бодови во групата Е ќе се обиде да ги освои на  гости кај Сан Марино. Покрај огромната разлика во квалитет, Швајцарците се фаворите и поради трацијата. Во квалификациите за ЕУРО 96, Швајцарија како гостин победи со 4:0, а дома со 7:0.

Северна Ирска 6, Финска и Романија по 4, Унгарија и Грција по 1 и Фарски Острови без бодови, е рапоредот во конкуренцијата Ф во пресрет на третото коло. По изненадувачкиот триумф во Унгарија и очекуваниот дома против Фарски Острови, репрезентацијата на Северна Ирска гостува во Атина кадешто беше поразена на трите претходни гостувања. Во петте меѓусебни пресметки, Грците имаат биланс од 4 победи и само еден пораз.

Ако се суди според традицијата, Романците ќе играат против омилен противник затоа што во осумте мечеви досега никогаш не биле поразени од Финска. Романија има шест триумфи и две нерешени, обете на гости со по 1.1.

Фарски Острови и Унгарија ќе играат првпат меѓусебе и тоа во терминот во 20 часот и 45 минути како и сите денешни натпревари.