Џихадистите на ИДИЛ освоија воена база

14.10.2014 14:14

Според ОН поради борбите во овој регион, 180 илјади луѓе мора да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме џихадистите воделе жестоки борби со курдските сили во Кобане...

Милитантите на Исламска држава освоиле воена база на ирачката западна провинција Анбар.

Според ОН  поради борбите во овој регион , 180 илјади луѓе мора да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме џихадистите воделе жестоки борби со курдските сили во Кобане.

Турски авиони нападнале цели на курдските борци во Југоисточниот дел на земјата, објавија странските медиуми.

Од турската армија велат дека само одговориле на најстрог начин по гранатирањата од страна на курдските бунтовници.

Денеска во Вашингтон ќе се одржи состанок на сојузничките сили за борба против Исламска држава.