Инаугуриран прекураничниот биосферен резерват „Охрид-Преспа“
Историска одлука на УНЕСКО за еколошка заштита и одржлив развој на регионот околу Охридското езеро на македонска и на албанска страна. Во Корча е инаугуриран прекуграничниот биосферен резерват „Охрид-Преспа“ кој ќе значи поголем економски и туристички развој на регионот.

Регионот „Охрид-Преспа“ и официјалносевброипомеѓу 14-те Прекугранични биосферни резервати во светот. Со оваа нова форма на заштита на УНЕСКО се опфатени сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од над 446 хектари.
„Тоа е една нова форма на УНЕСКО на заштитување, човекот го става во прв план а штитењето на биосферата во втор план. Тоа не значи и онаа обратна работа која ја работиме во министерството“, рече Стево Темелкоски, заменик министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
„Сеработи за заштита на природните ресурси на начин каде се бара балансот помеѓу економскиот развој и заштитата на биосферата“, рече Дијана Бејко, заменик министер за животна средина на Република Албанија.
Освен заштита на природните вредности, биосферниот резерват ќе придонесе и за развој на туризмот.
„Целата оваа активност најмногу ја има компонентата на промоција на туризмот, промоција на еден регион којшто има уникатни вредности. И секако една од главните компоненти ќе биде негова промоција во светот и привекување на еден нов вид туристи“, рече Дејан Пановски,билатерален секретаријат за заштита на Охридското езеро.
Новата форма за заштита на Охридското езеро ќе придонесе и за поблиска економска соработка помеѓу општините од двете страни на границата преку брендирање на производи, кои ќе го носат печатот на резерватот. Со тоа на производителите од овој регион ќе им се отворат вратите и на најпребирливите пазари.
Сашо Нелоски
