Русија и Кина потпишаа договор за извоз на гас во вредност од 400 милијарди долари

14.10.2014 15:21

Русија и Кина во Москва потпишаа договор за извоз на руски гас во вредност од 400 милијарди долари. Потпишани се вкупно 38 договори за испорака на природен гас во Кина по источната маршрута, договор за натамошно продлабочување на соработката меѓу „Росњефт“ и кинеската нафтена корпорација, како и договори за валутни размени меѓу Руската централна банка и Народната банка на Кина, со отворање кредитни линии меѓу руски и кинески банки.

Западните медиуми и аналитичари оценуваат дека станува збор за очигледно зацврстување на стратешките врски Москва - Пекинг и дека новата омилена валута во Русија станува кинескиот јуан, којшто наскоро треба да ги замени еврото и доларот.