Новогодишен концерт во „Илинден“
Во прекрасна Новогодишна атмосфера, со многу музика и детски насмевки и оваа година во Домот на култура „Илинден“ се реализираше музичкиот новогодишен концерт. Главни на сцената беа учениците од трите основни училишта од Општина Илинден, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„Браќа Миладиновци“ и ОУ „Ристо Крле“. Со прекрасните музички изведби успеаја да изнудат громаогласни аплаузи од публиката, која и оваа година бараше место повеќе во преполната сала. Младите уметници се преставија со она што го учеле во текот на учебната година.

Во прекрасна Новогодишна атмосфера, со многу музика и детски насмевки и оваа година во Домот на култура „Илинден“ се реализираше музичкиот новогодишен концерт. Главни на сцената беа учениците од трите основни училишта од Општина Илинден, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„Браќа Миладиновци“ и ОУ „Ристо Крле“. Со прекрасните музички изведби успеаја да изнудат громаогласни аплаузи од публиката, која и оваа година бараше место повеќе во преполната сала. Младите уметници се преставија со она што го учеле во текот на учебната година. Многу хорски и соло изведби, но и изведби на виолончело, кларинет, хармоника, флејти. Покрај новогодишниот концерт вредните ученици подготвија и ликовна изложба со новогодишни мотиви.
