Можностите за инвестирање во Македонија пред лондонските бизнисмени

14.10.2014 15:32

Пред потенцијалните инвеститори ќе бидат претставени даночните поволности, добрата бизнис клима, олеснетите административни процедури, инвестициите во инфраструктурата...

За даночните поволности и здравата  бизнис клима во Mакедонија  ќе слушнат британските бизнисмени вечер на економскиот форум во Лондон.

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во економска посета на Велика Британија. На форумот, кој е во соработка со  „Форбс“, инвеститорите ќе се информираат за можностите и потенцијалот што го нуди македонската економија.

Премиерот за време на престојот ќе има и средби со компании кои веќе ја имаат Македонија на мапата за инвестирање.

Лондон не е само европски бизнис центар, туку е дел од светската мапа на големите глобални корпорации чии седишта се сместени во овој град.