Безбедноста на најмоќните политичари во рацете на армија од агенти, телохранители и технологија

14.10.2014 16:13

Службите се тајни, но се смета дека американскиот претседател Обама е најзаштитуван политичар во светот. Зад него стои мала армија агенти, телохранители и технологија. Но ова не го прави најбезбеден. Смени во врвот на обезбедувањето уследија откако вооружен ветеран им влезе пред носот во Белата Куќа, а потоа пропуштија приватен телохранител со пиштол да се вози во лифт со претседателот.

Службите се тајни, но се смета дека американскиот претседател Обама е најзаштитуван политичар во светот. Зад него стои мала армија агенти, телохранители и технологија. Но ова не го прави најбезбеден. Смени во врвот на обезбедувањето уследија откако вооружен ветеран им влезе пред носот во Белата Куќа, а потоа пропуштија приватен телохранител со пиштол да се вози во лифт со претседателот.

„Ние и претседателот сме убедени дека Департментот за домашна безбедност мора убаво да ја погледне оваа ситуација и да обезбеди тајната служба да ги достигне високите стандарди поставени пред нив“, рече Џош Ернест, портпарол на Белата куќа.

Пред посетата на Путин на воената парада за ослободувањето на Белград веќе пристигнаа 150 тајни агенти. Го чува Службата за безбедност на рускиот претседател, со корени во Деветиот директорат на советски КГБ. Во нејзини рамки е и Одделот за психолошка безбедност, кој ги анализира ризиците. Се шпекулира, но не е докажано дека Путин има и двојници. До сега руската служба не се засрамила јавно.

„Ова не е првпат Владимир Путин да биде цел на заговор за атентат, но никогаш не дошло до реален обид против неговиот живот, вели Јегор Пискунов, новинар на Раша Тудеј.

Британската кралица ја чува Телесната стража на суверениот – три церемонијални единици, од кои првата е формирана во 15. век. Британците беа скандализирани пред 4 години кога шефот на телохранителите, чистејќи го пиштолот испука куршум во резиденцијата неколку часа пред Кралицата да се сретне со Папата.

Папската швајцарска гарда, формирана во 16. век, е мала единица одржувана од Ватикан. Под нивното будно око, во 1981 платениот убиец од турско потекло Али Агџа го рани со истрел Јован Павле Втори. Швајцарската гарда го штитеше Франциск при неодамнешната посетата на Албанија кога со атентат му се закани Исламска Држава.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг, згора на борбата за власт во врвот на Комунистичката партија  првпат се соочува со граѓанска непослушност во Хонг Конг. Го штитат најдобрите војници избрани од Специјалната армиска сила – будни, вешти, силни и крајно лојални. Еден од омилените политичари меѓу неговиот народ, уругвајскиот Хосе Мухика, зема граѓанска плата и нема телохранители.

Ивана Салтирова