Сезона на греење

МТВ анализа: На што е најисплатливо да се греете?

14.10.2014 16:21

Пресметките покажуваат дека најевтината варијанта е да се греете на дрва. Просечно домаќинство троши околу шест кубни метри огревно дрво. Кубик бука во „ЈП Македонски шуми“ чини 2.500, а даб 2.600 денари. Па така, математиката покажува дека за оваа варијанта ќе треба да одвоите нешто повеќе од 15 илјади денари, но доколку истовремено загревате повеќе простории, сметката ќе биде и многу повисока...

Со над половина милион домаќинства и речиси 700.000 станови – Македонија ја стартува новата грејна сезона. Граѓаните го прават последниот есап, се подготвуваат да го одврзат ќесето.

„Јас се греам на дрва, скапо е“... „Од лани се греам на струја со панелка. Со готвење и перење, сметката ми е околу 4.000“. „Јас се греам на парно“ – велат граѓани за МТВ.

Пресметките покажуваат дека најевтината варијанта е да се греете на дрва. Просечно домаќинство троши околу шест кубни метри огревно дрво. Кубик бука во „ЈП Македонски шуми“ чини 2.500, а даб 2.600 денари. Па така, математиката покажува дека за оваа варијанта ќе треба да одвоите нешто повеќе од 15 илјади денари, но доколку истовремено загревате повеќе простории, сметката ќе биде и многу повисока.

БУКОВО ОГРЕВНО ДРВО

ДАБОВО ОГРЕВНО ДРВО

ЦЕНА ПО КУБЕН МЕТАР: 2.500 ДЕНАРИ

ЦЕНА ПО КУБЕН МЕТАР: 2.600 ДЕНАРИ

ВКУПНО: 2.500 * 6 = 15.000 ДЕНАРИ

ВКУПНО: 2.600 * 6 = 15.600 ДЕНАРИ

 

Цената на огревното дрво во приватните складови е повисока, а дополнително треба да ги вкалкулирате трошоците за транспорт и сечење, па се доаѓа до сумата од околу 20 илјади денари.

Искуството покажува дека најголем дел од домаќинствата се греат на струја. Зависно од големината на станот, месечните сметки достигнуваат и до 5.000 денари, иако трошоците значитечно ќе ви се намалат ако користите инвертер.Оваа математика е направена за затоплување на просторија од 30 квадрати, за која, во просек,се троши по околу 3 киловати на час електрична енергија. 

ГОЛЕМИНА НА ПРОСТОРИЈА

30 КВАДРАТНИ МЕТРИ

ЦЕНА ЗА ПОТРОШЕН КИЛОВАТ-ЧАС

4,48 ДЕНАРИ

ДНЕВНА ПРЕСМЕТКА: 3 КИЛОВАТИ  * 10 ЧАСА = 30 КИЛОВАТ-ЧАСОВИ

30 КИЛОВАТ-ЧАСОВИ * 4,48 = 134,4 ДЕНАРИ (СО ДДВ 158 ДЕНАРИ)

МЕСЕЧНИ ТРОШОЦИ: 4.740 ДЕНАРИ

 

Според ова, грејната сезона на струја би можела да се истера со трошоци кои достигнуваат од 25 до 30 илјади денари. Но, сметките значително ќе пораснат, ако зимата покаже заби.

Следна е пресметката за парно. Во Скопје, околу 36 проценти од граѓаните се приклучени на централното  греење. За живеалиште од 60 квадрати годишно ќе треба да одвоите околу 24 илјади денари, но на позитивната страна, ќе ја загреете целата станбена површина. 

Официјално, грејата сезона започнува на 15-ти октомври.

 

Мартин Пушевски