Во пресрет на пристигнувањето на Путин, Белград под безбедносна опсада

14.10.2014 16:41

Белград е речиси под опсада пред доаќањето во четврток на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ќе се задржи сѐ на сѐ 5 часа, при што покрај официјалните средби во Палатата Србија, ќе присуствува и на воената парада по повод 70 годидини од ослободување на градот.

Белград е речиси под опсада пред доаќањето во четврток на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ќе се задржи сѐ на сѐ 5 часа, при што покрај официјалните средби во Палатата Србија, ќе присуствува и на воената парада по повод 70 годидини од ослободување на градот.

На Путин ова му е трета посета на Србија, а мерките за обезбедување ќе бидат досега невидени. Тој ќе допатува во позлатениот државен авион Иљушин, вреден 150 милиони евра, а ќе го донесе и својот автомобил Мерцедес-познат по тоа што може да издржи нуклеарен напад. Во Белград веќе се 150 припадници на руските тајни служби, како и 20 членови на неговото лично обезбедување, а според медиумите-ќе го штитат и над 80 најдобри српски снајперисти, како и 4000 полицајци.

Во Белград, уште од сега почнува да се применува првиот и вториот степен на безбедност. Долж патека на неговото движење, улиците ќе бидат затворени дури и за пешаците, тргнати сите автомобили и заварени шахтите. По покривите од зградите ќе се наоѓаат снајперистите, а на граѓаните кои живеат долж патеката на движењето им е забрането да ги отвараат прозорците и да бидат на терасите.

Белград уште од сега е блокиран, поради подготовките за парадата-на која ќе учествуваат 4500 војници со целата воена техника. Со денови над белграѓани, летајќи мошне ниско вежбаат и бројни српски и руски авиони и хеликоптери.

Сите овде се прашуваат-колку пари сето тоа ќе чини.

Во очекување на Путин-од Белград за МТВ Оливер Бранковиќ