Хуманитарна акција„СОС Дедо Мраз“
Студентите по медицина организираa хуманитарна акција со наслов „СОС Дедо Мраз“ во која беа собрани пакетчиња кои денеска ќе бидат доделени во хуманитарни цели. Собраните пакетчиња ќе им бидат доделени на децата од ,,Заводот за рехабилитација на деца и млади" во Чаир, децата без родители од ,,Чичино Село", децата од ,,Центарот за социјални грижи" како и децата на Клиниката за Педијатрија и Детска Хирургија. Одзивот на акцијата беше одличен, со што се докажа дека граѓаните на Скопје се навистина хумани.

Студентите по медицина организираa хуманитарна акција со наслов „СОС Дедо Мраз“ во која беа собрани пакетчиња кои денеска ќе бидат доделени во хуманитарни цели. Собраните пакетчиња ќе им бидат доделени на децата од ,,Заводот за рехабилитација на деца и млади" во Чаир, децата без родители од ,,Чичино Село", децата од ,,Центарот за социјални грижи" како и децата на Клиниката за Педијатрија и Детска Хирургија. Одзивот на акцијата беше одличен, со што се докажа дека граѓаните на Скопје се навистина хумани. Придонес на оваа акција дадоа и децата од работна организација,,Снежана"- Скопје со изработка на честитки за децата кои ќе ги добијат пакетчињата. Како завршеток на оваа хуманитарна акција, е огранизиран приказ на цртан филм за децата без родители од ,,Чичино Село", децата од ,,Заводот за рехабилитација на деца и млади" во Чаир како и за децата од ,,Центарот за Социјални Грижи". Организаторите се надеваат дека оваа традиција нема да запре и дека ова ќе биде уште поголем поттик за граѓаните да се вклучат во хуманитрани акции.

