„Мој Термин“ со нов начин на упатувањето за хируршка интервенција

14.10.2014 16:47

При преглед кај хирург доколку е утврдена потреба од хируршка интервенција, се издава упат во кој се наведува типот на операција која треба да биде извршена, со што пациентот автоматски влегува во листа на чекање за таа интервенција...

Нов начин на упатување за хируршка интервенција почна официјално да функционира во системот „Мој Термин“ со цел да се воведе електронска евиденција за хируршки интервенции. При преглед кај хирург доколку е утврдена потреба од хируршка интервенција, се издава упат во кој се наведува типот на операција која треба да биде извршена, со што пациентот автоматски влегува во листа на чекање за таа интервенција.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Жаклина Чагоровска, член на тимот на националниот систем на интервенции „МојТермин“, која рече дека во системот ќе се забележуваат податоци: датум на издавање на упатот/датум на утврдена потреба од хирушка интервенција, податоци за пациентот и податоци за типот на хирушка интервенција.

Во системот „МојТермин“ веќе се креирани околу 3.000 вакви упати. Одредени установи почнувајќи од јули на овој начин веќе ги креираат упатите за операција (Клиника за пластична и рекоструктивна хирургија - 866, Клиника за очни болести-678, ГОБ „8 Септември-219 и Клиника за детска хирургија-213), посочи Чагоровска.

Доколку пациентот веќе се наоѓа на листа на чекање во одредена установа за одредена хирушка интервенција, појасни таа, за него не може да се издаде нов упат се додека не се избрише стариот, односно пациентот може да биде само на една листа на чекање за одредена хирушка интервенција.