Вугринец ќе игра со Кил
Ренато Вугринец најави дека ќе игра за Металург против Кил во мечот од ЛШ в сабота во Скопје. Најдобриот стрелец на нашиот првак во елитната конкуренција, имаше непријатна повреда на левата дланка и мораше да отсуствува десетина дена од тренинзите. Но, тој денеска тренирал и изразил подготвеност да биде во составот, негирајки ги на тој начин шпекулациите дека сака да го напушти Металург.

Вугринец поради повредата одби да патува на дуелите со Брест Мешков и Загреб, иако беше на списокот на Лино Червар. Хрватскиот стратег сега е резервиран во поглед на настапот на десниот бек и за македонските спортски портали изјави дека со оглед на деликатноста на повредата, наредните денови ќе покажат дали ќе смета на него за двобојот со германскиот шампион.
Македонскиот првак е во сериозна финансиска криза, со нарушена атмосфера и три пораза на стартот од групната фаза во ЛШ од ПСЖ, Брест и Загреб, и без Дарко Станиќ кој се раздели со клубот. Откако работите со Павел Атман средија, присуството на Вугринец во составот ќе биде драгоцено за враќање на самодовербата и рехабилитација по кошмарниот период.