Компаниите се подготвени за грејната сезона

14.10.2014 17:01

Според експертите, најевтината варијанта за затоплување е огревното дрво, најекономични се заштедите во изградба на енергетски ефикасни објекти. Добрата изолација и новите прозорци обезбедуваат подобра заштеда...

Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно велат од Македонски шуми. Во текот на летото поголемиот дел од граѓаните се снабдиле со огревно дрво.

„Официјално утре започнува, но ние официјално преку целата година гледае да ги снабдиме граѓаните“, вели Љупчо Гиновски, раководител на складот „Караџица“.  

Цената на дрвата е иста веке неколку години.  Тие може да се купат само од лиценцирани складишта во спротивно казните се големи, дури до 5,000 евра и за физички лица .

„Има случаеви на одземени, има случаеви на казни на тие што купиле, тона на некој начин придонесе да се зголеми интересот и побарувачката“, вели Жарко Караџовски, директор на ЈП Македонски шуми.

Дистрибутивната мрежа е подготвена за грејната сезона- велат и од ЕВН. Од таму не очекуваат никакави проблеми.

„13 илјади киометри дистрибутивна мрежа е направена инспекција, сите оние критични точки кои се анализирани и откриени во минатото сега се санирани“, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Според експертите, најевтината варијанта за затоплување е огревното дрво, најекономични се заштедите во изградба на енергетски ефикасни објекти. Добрата изолација и новите прозорци обезбедуваат подобра заштеда.

„Дрвото е најевтино, најмногу применувано во Македонија. Најевтино, но не е најдобро. Она што е најдобро, а најевтино е централното снабдување со топлинска енергија“, вели Константин Димитров.

Парно, струја или огревно дрво се опции за греење оваа зима.

Главниот град во текот на грејната сезона троши повеќе од 140 илјади метри кубни дрва, додека цела Македонија и во најладната зима повеќе од 500 илјади.

Дијана Ценевска