Хорор во Шутка: Браќа макроа држеле во заложништво три малолетни девојчиња
Згрозеност меѓу жителите на Шутка по информацијата дека двајца браќа 5 месеци во заложништво држеле три малолетни девојчиња и за пари ги терале на проституција...

Згрозеност меѓу жителите на Шутка по информацијата дека двајца браќа 5 месеци во заложништво држеле три малолетни девојчиња и за пари ги терале на проституција. Браќата Андијас и Атилијан Реџепови се веќе во 30 дневен притвор. Жителите на Шутка не сакаа да зборуваат пред камера за грозоморните настани кои се случувале.
„Слушнавме, немам зборови за тоа.“
„Не, немам таква ифнромација“, велат анкетиратни жители на Шутка.
Трите девојки на возраст од 14 до 16 години згрижени се и со нив работат психолози. Од браќата биле физички и психички малтеретирани, ако одбиеле да дадат сексуални услуги биле тепани. Спиеле заклучени во куќа на вујкото на двајцата макроа кои девојките по потреба ги изнесувале во некој мотел, а за услугите наплаќале од 300 до 2.000 денари.
„Двајцата браќа се изживувале со девојчињата и психички и физички доколку одбиеле да пружат сексуална услуга, ги малтретирале, тепале, дури на рацете ги тетовирале нивните имиња за да знаат дека се во нивна сопственост“, рече Иво Котевски, помошник министер во МВР за односи со јавност.
Голготата на девојките по 5 месеци заложништво и мачење завршила во саботата кога две избегале од куќата и се пријавиле во полиција. Алфите ги уапсиле браќата Реџепови.
Двајцата браќа од порано биле познати на полицијата, против нив биле поднесени 13 прекршочни пријави за тепачки, но имало и 21 кривична пријава за разни имотни и крвни деликти.
Трите девојки потекнуваат од дисфункционални семејства. Додека ги немало, никој од родителите не пријавил во полиција, па и ним им се заканува кривична пријава. Девојките злоставувани и трауматизирани не можеле да посочат имиња на клиентите ниту во кои мотели биле носени за да даваат сексуални услуги.
Миле А. Ристески
