Царинската управа доби сертификат за квалитет ISO 9001:2008

26.12.2013 14:59

Царинска управа на Република Македонија денес се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет што претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата. Процесот за воведување ISO 9001:2008 стандардот за квалитет започна со имплементација од јуни 2012 година како дел од постојаните напори за реформа на Царинската управа и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност.

Царинска управа на Република Македонија денес се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет што претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата. Процесот за воведување ISO 9001:2008 стандардот за квалитет започна со имплементација од јуни 2012 година како дел од постојаните напори за реформа на Царинската управа и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност. Во периодот од 10-13 декември 2013 година во Царинската управа, од страна на меѓународното сертификационо тело TÜV NORD Бугарија беа спроведени сертификациски проверки на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008. По спроведените проверки Царинската управа доби потврда за усогласеноста со барањата на стандардот за управување со квалитет, што истовремено значи и потврда на сите процеси и постапки кои што ги врши Царинската управа како и услугите кои ги дава и ги нуди. ISO 9001:2008 е меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет, се состои од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка. Определбата за сертификација на систем за управување со квалитет согласно ISO 9001 од страна на акредитирано сертифициско тело ја покажува посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите.  Предноста од воведувањето на ISO стандардот е тоа што ќе се примени принцип на работа, со што се зголемува квалитетот на услугите кои институцијата ги нуди кон граѓаните. Признавањето на воспоставените процедури, стандардизирани согласно меѓународната сертификација е доказ за способноста на Царинска управа за доследно исполнување на барањата на корисниците на нејзините услуги, согласно законските регулаторни барања, со единствена цел за зголемување на задоволство кај истите преку ефективна примена на системот за управување со квалитет. Очекувани придобивки од воведувањето на стандардот покрај зголемување на нивото на задоволство на корисниците на услугите и на вработените, се и подобрена изведба на услугите со стекнување на деловната доверба кај постоечките или потенцијалните корисници.