Земјоделство
Ниски приноси на пченица
15.10.2014 10:05
Македонија во просек има најниски приноси на пченица во регионот. Во анализираната на ФАО за 2012 година, родот бил 2,7, а во Европа 7,4 тони...

Македонија годишно обезбедува скоро една третина од потребите на пченица.
Покрај откупните цени кои ја одредуваат пченицата за продажба и за домашните потреби на земјоделците, важен е и приносот.
Со него неможе да се пофалиме, тој е последен во регионов. Освен Грција сите други држави се далеку пред нас. Просекот во Србија е 3,9 Албанија 4,1, Хрватска 5,3 ,а во Европа е 7,4 тони по хектар.
Проблемот, според експертите, освен климата е и отсуството на агротехничките мерки.
Македонскиот земјоделец ретко користи семенски материјал и плодоред што е основа за висок принос.
Методија Трајков
