МНР ќе ја одбележи 20 годишнината од воспоставување на дипломатски односи со повеќе земји
Ќе се оддржи свечена академија, при што обраќања ќе имааат Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Макеоднија, Стефано Лазарото...

Денеска по повод одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република Египет, Португалската Република, Република Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан, во просториите на Македонскиот народен театар и Музејот на македонската борба за државност и самостојност, ќе се оддржи Свеченост.
На свеченоста која ја организира Министерството за надворешни работи на Република Македонија во соработка со Амбасадите на земјите на јубилејот, ќе се оддржи свечена академија, при што обраќања ќе имааат Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Макеоднија, Стефано Лазарото.
Свечениот настан ќе биде надополнет и со концерт на Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, како и со коктел подготвен од земјите учеснички со презентација на нивните традиционални јадења, симболи и сувенири.
