Превентивни прегледи: Во нeфролошките амбулани прегледани 100 пациенти
Со цел рано откривање на хронична бубрежна болест кај пациентите, Министерството за здравство воведе специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти) во повеќе региони низ државата...

Според податоците од електронскиот систем за закажување прегледи „Мој Термин“, од почетокот на функционирањето на нефролошките амбуланти, од јули оваа година, досега се прегледани 100 пациенти.
Со цел рано откривање на хронична бубрежна болест кај пациентите, Министерството за здравство воведе специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти) во повеќе региони низ државата.Од Министерството за здравство информираат дека прегледите во амбулантите се бесплатни за пациентите, а матичните лекари ги упатуваат пациентите на преглед во амбулантите во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.
Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите и намалување на сите ризик фактори за ова заболување, имајќи предвид дека кај сè повеќе луѓе се открива напредна бубрежна инсуфициенција без претходни симптоми или претходно познати бубрежни заболувања.
