Здравство

„Ало докторе“: За еден месец над 4 илјади лица добиле здравствен совет

15.10.2014 11:01

Најчесто јавувањата се за медицински совет со кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија, симптомна болка и медицински совет за најмалите –дечињата кои во периодов поради променливите временски услови имаат проблем со покачена телесна температура и настинки...

Од почетокот на функионирање на бесплатната линија за медицински совети „Ало докторе“(15123), точно еден месец, 4.317 лица добиле здравствен совет. Во изминатите два дена на „Ало докторе“ 564 лица побарале медицински совет, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.

На сите граѓани кои се јавиле на телефонската линија им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Најчесто јавувањата се за медицински совет со кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија, симптомна болка и медицински совет за најмалите –дечињата кои во периодов поради променливите временски услови имаат проблем со покачена телесна температура и настинки.

Вкупно 17 доктори- специјалисти се достапни за медицински совет  24 часа во кол центарот на „Ало докторе“.