Обама: Борбата со ИДИЛ ќе биде долга
На состанокот со Kоалицијата која учествува во борба против самопрогласениот калифат, Обама потенцираше дека воздушните напади ќе продолжат, а борбата ќе биде долга...

Претседателот на САД, Барак Обама, е загрижен поради напредувањето на групата Исламска држава кон градот Кобане во Сирија и провинцијата Анбар во Ирак.
На состанокот со Kоалицијата која учествува во борба против самопрогласениот калифат, Обама потенцираше дека воздушните напади ќе продолжат, а борбата ќе биде долга.
Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа во Париз договориле да ја зголемата соработкта во размена на информации за екстермистичката група.
Двајцата соговорници се согласиле дека за милитантите на Исламска држава нема место во 21-от век.
