Министерот Адеми се сретна со претставникот на ОН Луиза Винтон

15.10.2014 11:17

На средбата била потенцирана досегашната соработка на Република Македонија со агенциите на Обединетите Нации во областа на образованието...

Министерот за обрзование и наука, Абдилаќим Адеми оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации и преставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, Луиза Винтон, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

На средбата била потенцирана досегашната соработка на Република Македонија со агенциите на Обединетите Нации во областа на образованието, со осврт на повеќе проекти од взаемен интерес, меѓу кои и тековниот проект за образование и обука на лица кои издржуваат казни во Казнено поправните установи во земјата.

Адеми и Винтон разговарале и за подготовката на Стратегијата на делување и развојна поддршка на Обединетите Нации во Република Македонија со важност до 2020 година, за што, министерот Адеми потврди учество во дефинирањето на приоритетите во сферата на образованието, но и активен придонес кон глобалните процеси врзани за милениумските развојни цели содржани во агендата на Обединетите Нации.