Ебола: Здравствениот синдикат на Либерија го прекина штрајкот
15.10.2014 11:36
Според СЗО бројот на жртвите достигна 4.447 лица...

По апел од целиот свет, здравствениот синдикат на Либерија го прекина штрајкот со кој стотица лица заболени од ебола беа без медицинска нега. Штрајкот започна по барањето за подобри услови за работа и поголема плата.
Вработените се жалеа дека работат без заштитна облека и адекватни компензации, а многумина од нивните колеги се заразиле и починале. Според СЗО бројот на жртвите достигна 4.447 лица.
„Заразата продолжува да се шири географски, има заболени во повеќе области и префектури отколку пред еден месец“, изјави д-р Брус Аливард, СЗО.
Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг донираше 25 милиони долари за борба против еболата.
