Италијанска компанија заинтересирана за инвестирање во Македонија
Сопственици на италијанска меѓународна компанија, која има над 10.000 вработени во Италија и Романија, деновиве беа во посета на Македонија со цел да ги разгледаат можностите за отварање на контакт центар, соопштуваат од кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.
„Сопствениците на компанијата се позитивно изненадени од поволната бизнис клима во Македонија. Компанијата ќе донесе вработување на млади факултетски образовани луѓе, со добри јазични вештини по италијански, германски и англиски јазик“, изјави министерот Наумоф.

Претставници на италијанската компанија доаѓаат во Македонија по состанокот во јуни, остварен на роуд- шоуто на Наумоф во Италија.
Министерот Наумоф посочи дека резултат од истото патување во Италија е официјалното отворање на канцеларијата во Скопје на претставник на Адвокатската фирма Студио Легале Алесандро и Франческо Дањино, која има свои канцеларии во Милано, Рим и Палермо.
Канцеларијата во Македонија, која ќе им служи на италијански клиенти, веќе има неколку вработени.