Деркоски: Нема повредени патници во возот кај Миравци
Според Деркоски, станува збор за обичен технички дефект, а шесте патници кои биле во возот немаат никакви повреди и се транспортирани до крајната дестинација...

Не е повреден ниту еден од патниците кои беа во возот на релацијата Скопје - Гевгелија, од кој вчера попладне се откачи вагон на пругата меѓу Миравци и Милетково, изјави за МИА директорт на МЖ Транспорт, Оливер Деркоски.
Според Деркоски, станува збор за обичен технички дефект, а шесте патници кои биле во возот немаат никакви повреди и се транспортирани до крајната дестинација.
„Се случи обичен технички дефект, пукање на квачило и активирање на автоматска кочница. Во тој момент согласно механизмот на возот се активира автоматската кочница. Тоа се случило на влезот во станицата во Миравци, каде што возот се движи со мала брзина. Во возот имало 6 патници, кои веднаш се транспортирале таму за таму каде се упатени“, рече Деркоски.
