Првиот Саем за вработување посетен од над 35.000 граѓани
15.10.2014 12:31
На Саемот учествуваа 86 компании од сите сектори и дејности, меѓу кои и дел од странските инвеститори во земјава...

Над 35.000 граѓани го посетија првиот Саем за вработување, кој вчра се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а го организираше Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На Саемот учествуваа 86 компании од сите сектори и дејности, меѓу кои и дел од странските инвеститори во земјава.
Од Агенцијата за вработување најавија уште седум саеми за вработување и во други градови во Република Македонија, на кој граѓаните, повторно, ќе имаат можност директно да поразговараат со претставници на најголемите компании во државата.
