Министерот Попоски на средба со амбасадорите на Германија и Велика Британија
Во оваа прилика, тие му врачија покана за учество на шестата конференција на министри за надворешни работи од ЈИЕ, во организација на Аспен Институтот...

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски ги прими Британскиот и Германскиот амбасадор, Чарлс Гарет и Кристине Алтхаузер, соопштуваат од МНР. Во оваа прилика, тие му врачија покана за учество на шестата конференција на министри за надворешни работи од ЈИЕ, во организација на Аспен Институтот.
„Во ноември, во Берлин, заедно со германскиот и британскиот колега Штајнмаер и Хамонд ќе разговараме за нашиот регион. Средбата ќе биде на линија со Берлинската и најавената Виенска конференција догодина. Посебно внимание ќе посветиме на поттик на економиите, прекуграничната инфраструктура како и евроинтеграциите“, изјави министерот Попоски.
Попоски нагласува дека за нас е многу битен покажаниот германско-британски интерес за иднината на Југоисточна Европа.
