Луксуз

Луксузни бенефиции за супер- богатите хотелски гости

15.10.2014 12:41

Од бесплатните супер-автомобили до доаѓање „од небо“, постојат голем број хотели кои се подготвени на своите гости им нудат неверојатни предности, за одредена сума пари...

Кога гостите имаат желба да платат 43.000 долари за еднонеделен одмор, се чини, чесно е хотелите да ги наградат со некоја неверојатна бенефиција, пишува „Дејли мејл“.
 
Ноќевањето во апартман што чини 5.947 долари во хотелот „Риц-Карлтон“ во Њу Орлеанс, само како пример, доаѓа со посебен батлер задолжен за вашиот мамурлак, поточно за ублажување на истиот со помош на вода, грицки и масажа.
 
Од бесплатните супер-автомобили до доаѓање „од небо“, постојат голем број хотели кои се подготвени на своите гости им нудат неверојатни предности, за одредена сума пари.
 
Сите кои ќе се одлучат за „Сиџ Сенсес“ во Оман, можат со параглајдинг да дојдат до својата финална дестинација, со помош на професионалец, секако.
 
Гостите на  хотелот „1.000“ во Сиетл на располагање имаат сензор во собата што на персоналот му кажува да не ги вознемирува, а доколку не можете да се одвоите од својот миленик, хотелот „Монако“ во Портланд Ви нуди психијатри за миленици кои ќе Ви кажат што му е на вашиот пријател и како можете да го унапредите вашиот однос.
 
Гостите во одморалиштато „The Club & Hotel spa“ во Њу Џeрси на располагање имаат свој батлер за сонце, кој ќе им нанесува крема за сончање или ќе им ги чисти очилата за сонце.
 
Доколку, пак, сакате рок музика, со посетата на хотелот „Hard Rock“во Чикаго себеси можете да си обезбедите бесплатни „Fender“ гитари, засилувач и слушалки за вашата приватна сесија.
 
Одморалиштето „Four Seasons“ на Малдивите телефонски ќе ве информира за доаѓањето на морски ражи за на време да стигнете до вашиот личен глисер и да тргнето во нивното набљудување.
 
За сите со малку поголема храброст, но и романтика, „Namale Resort & Spa“ на Фиџи нуди изненадувачко киднапирање до таен водопад каде ќе Ви биде приреден романтичен пикник.
 
Доколку сакате да спиете до доцна, а наутро имате обврски, тогаш „Gaylord Opryland Resort & Convention Center“ во Нешвил ќе ви излезе во пресрет така што ќе ве пробуди со однапред снимена порака, што ја снимиле некои од напознатите локални пејачи на кантри музиката.