Перо со победа над Мајами во предсезоната од НБА лигата
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше забележителен настап на гостувањето во Мајами, каде што Атланта славеше со 109 : 103 во подготвителен меч пред почетокот на новата сезона.
За 12 ипол минути на паркетот единствениот македонец во НБА постигна 9 поени и 3 скокови. Притоа имаше реализација од игра од 3 прецизни удари од 5 обиди и една тројка од 3 шута, а што е најважно при неговото присуство во игра, “јастребите“ имаа 25 поени повеќе од двојниот шампион.

Најефикасен кај победникот Милсап со 23 поени, а кај домаќините Бош заврши со 22, додека Вејд со скромни 16 постигнати поени.