Македонија- атрактивен модел за бизнис на англиските инвеститори
Продолжува промовирањето на инвестициските можности на Македонија пред странските инвеститори. Деновиве во фокусот на владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски, е Лондон. На бизнис форумот имало одлична посетеност, а присуствувале не само британски компани, туку и глобални брендови...

Над стотина компании и глобални корпорации во моќниот економски центар Лондон слушнаа за бизнис потенцијалите и поволностите што ги нуди Македонија на странските инвеститори. Раст од три проценти – најголем во Европа, БДП 3,9 насто во првата половина на годинава, извоз зголемен за 18,5, макроекономски показатели што говорат за еконосмкиот напредок на државата. Пред потенцијалните инвеститори Премиерот посочи – владата е пријател на бизнисот.
„Работиме со инвеститорите за да ги слушнеме нивните барања, нивните проблеми и прашања кои им се важни и замајќи ги во предвид најдобрите исксутва од странство направивме многу промени не само во легислативата, туку и вон нејзината примена, спорведуваме реформи и на тој начин правиме напредок“, рече премиерот Груевски.
Се градат три нови автопати, железница кон Бугарија, гасификацијата... Се обновува инфраструктурата во интерес на бизнисот. Постои добра клима за инвестирање – со овој став првиот човек на Томас Милер Инвестмент групацијата.
„Се гледа посветеноста на владините претставници во привлекување на странски инвеститори. Политиките за инвестирање за кои разговараше Премиерот за земја како Македонија се извонредни и одлични. И од она што го слушнав се гледа дека постои добра клима за инвестирање“, рече Аби Олтаџмент – директор на Томас Милер Инвестмент.
Даночни поволности, раст на македонската економија, квалификувана работна сила – Македонија е атрактивен модел за инвестирање за англиските инвеститори. Искуствата на постојните инвестиции во државава – добра препорака пред потенцијалните англиски менаџери.
„Задоволство е што тука се присутни и компании кои веќе инвестирале во Република Македонија и кои што најдобро зборуваат за своето искуство од инвестирањето во државата што е добра препорака за оние што размислуваат понатаму да инвестираат во нашата земја... Очекувам врз основа на големиот интерес кој што денес беше покажан и разговорите кој ги имаме со компаниите и поединечните инвеститори еден дел ќе дојдат во Македонија, а еден дел ќе се решат и да инвестираат“, посочи вицепремиерот и минисатер за финансии, Зоран Ставрески.
Директорот на Арбан Груп ги слушна поволностите, препозна потенцијална дестинација за инвестиции во финансискиот сектор.
„Македонија може да понуди многу интересни можности за инвестирање, особено во сферата на банкарството, инвестициските фондови или отворање на оперативни претставништва во Македонија користејќи ги предностите во даночната и останатите сфери ... Македонската Влада овозможува за инвеститорите многу интересни поволности, но не само тоа туку и добра инфраструктура, што е одлично за отпочнување на бизнис“, нагласи директорот Клас Смит Солбејкер.
Лондон е значаен трговски и економски центар во кој работат успешни глобални корпорации и бизнис компании.
Сузана Фиданска- Стоевска
